Познат идентитетот на жената која мртва беше извлечена од Вардар

На 01.04.2019 година во 12:20 часот во СВР Скопје, М.С. пријавил дека околу 12:00 часот во водите на реката Вардар, под мостот кај Народна банка, забележал жена која се давела.

Според пријавеното, тој се обидел да ја извлече, но не успеал, по што повикал Итна медицинска помош и полиција.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото било извлечено од водата, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.

По извршениот преглед, било утврдено дека се работи за лицето И.Т.(77).

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

cheap nike air max 90