Пожар во скопското село Орман, граѓаните во паника

„Немаме што да правиме, толку ни се силите, немаме ниту екипи, ниту опрема“, вели  градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митревски кој попладнево е во скопското село Орман, кое го зафати силен пожар. Огнената стихија се шири кон скопско Волково, доведуваќи ги во опасност и другите населени места.

Мешаните велат дека во моментов се справуваат сами како знаат и умеат со огнената стихија. Огнот е најсилен во непосредна близина на селската црква.

Репортерот на „Макфакс“ јавува дека на терен е само едно противпожарно возило, додека пумпите на другото возило биле расипани. Пожарникарите исто така при расправија со жителите

Информациите на Скопје Инфо од терен велат дека во моментов граѓаните на околните населби се мобилизираат за гаснење на пожарот.  Истовремено, сведочат дека во моментов воени хеликоптари на АРМ го надлетуваат теренот.

Од ЕВН Македонија стигна информација дека од превентивни причини прекинат е доводот на електрична енергија во околните населби и села.