Пожар избувнал во дуќан за мотори и гуми - се стравува дека еден од вработените е заглавен внатре во дуќанот

На улица Јордан Мијалков четири пожарни возила се борат со пожарот кој избивнал во дуќан за моторчиња и гуми.

Според информациите до кои дојде Република се стравува и дека еден од вработените е заглавен внатре во дуќанот. Во просториите имало и боци со плин, поради што пожарникарите водат битка со огнот за да не се прошири.

Од пожарот има и повредени. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.