Пожар изби во стан во Скопје

Денеска, во 00:50 часот после полноќ во Секторот за внатрешни работи  Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ 56-годишниот К.К., забележал дека влезната врата од станот во кој живее била опожарена. 

Тој успеал целосно да го изгасне пожарот околу 1 часот. Од пожарот причинета била само материјална штета.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување.