Повреден рудар во рудник во пробиштипско

53-годишен рудар бил повреден при извршувањето на работа во рудник во пробиштипското село Добрево. 

На 18.04.2023 во 01.30 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека за укажување лекарска помош бил донесен И.С.(53) од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при работа во рудник во с.Добрево, пробиштипско, информираа од полицијата.