Повеќе скопски села утре ќе останат без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека, на ден 24.11.2018 година (сабота), заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат:

-во периодот од 08:00 до 12:00 часот корисниците од објектите на МВР и АРМ на Солунска Глава и селата Алдинци, Караџица, Драчевица, Цветово, Долно Количани, Горно Количани, Пагаруша, Вртекица, Рамни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград и нас. Мала Река. (општина Студеничани)