Повеќе парчиња оружје пронајдени во семеен дом во Кавадарци

Синоќа, во 19 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З. П. (56) и Б. П. (33) од село Сирково, Кавадаречко.

При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основниот суд Кавадарци, кај З. П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и алатки за изработка на муниција, а кај Б. П. биле пронајдени и одземени повеќе ловечки патрони.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.