Поставени два нови контејнери за електричен и електронски во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека биле поставени два нови контејнери за електричен и електронски отпад во општината.

Локацијата на едниот контејнер е кај „Тинекс“ маркет во централниот дел на Ѓорче Петров, додека другиот е во руралниот дел на општината, односно кај маркетот „Ралекс“, непосредно до поранешно „Шкорпион“.

-Апелирам за совесно користење на контејнерите, но и генерално да постапуваме свесно кога станува збор за животната средина, односно да депонираме на места означени за таа намена, напиша Стојкоски на Фејсбук.