Поскапува такси превозот во Охрид

Според одлуката на Советот на општина Охрид, од 1 мај, стартната цена за такси превозот ќе изнесува 50 денари, а за секој нареден километар по 35 денари во периодот од 5 до 23 часот и 45 денари од 23 до 5 часот наутро.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков најави дека проблемот со лиценцирани и нелициенцирани такси превозници ќе се решава со жолти таблици, кои треба да се заменуваат тековно.

– Цената е повеќе од пристојна со која се согласуваат сите. Инспекциски служби ќе си ја вршат својата работа и да овозможиме да бидеме достапни и пристапни. Ќе биде извршено и баждарење на таксиметрите, рече Пецаков.

На такси-постојката кај Поштата, како најкористена, посочи дека ќе биде обележан број, каде ќе можат да пријават туристите и граѓаните неправилности, доколку некој одбие да ги вози, ако не вози по таксиметар и слично.

Одлуката за зголемување на цените е на барање на такси превозниците, а подобрувањето на квалитетот на услугите е на барање на корисниците.

Досега возењето со такси во Охрид чинеше 50 денари прв километар, а секој нареден по 30 денари.