Поројниот дожд го собра Кризниот Штаб во општина Центар

Поради обилните врнежи што го зафатија централното градско подрачје денес се состана Кризниот штаб, информираат од општина Центар.

На состанокот со кој раководеше командантот на Кризниот штаб Петар Милетиќ, констатирано е дека нема излевања на улиците кои припаѓаат на територијата на општината. Штабот ќе ја следи состојбата и ќе се интервенира доколку има потреба. За се што се случува на терен, граѓаните может да се јават на следните телефонски броеви:

На граѓаните на располагање им се ставени телефонските броеви:

078223065-Петар Милетиќ- командант на Кризниот штаб

070 274 911-Дарко Гиговски-началник на Кризниот  штаб