Порака на денот: Радувај му се на животот!

Колку едноставен совет, а колку ретко го употребуваме: Радувај му се на животот!

Толку сме затрупани со обврски, грижи, проблеми, што забораваме да му се радуваме на овој живот, кој е еден и единствен, уникатен и само наш.

Да, животот е полн со загуби, проблеми, особено последниве години, но не смееме да заборавиме да му се насмевнуваме на животот, да му се радуваме. Да се радуваме на секој сончев зрак, на секоја капка дожд, на луѓето кои ги сакаме.

Да не заборавиме да го прегрнуваме животот, да ги прегрнуваме луѓето кои ги сакаме, затоа што никогаш не знаеме кога ќе биде последната прегратка.

Животот е непредвидлив и не е секогаш убав, но секогаш треба да најдеме еден миг за да му се израдуваме.
Затоа што е наш. Затоа што сме живи. Затоа што утре е нов ден. Затоа што ништо не трае вечно, ниту болката, ниту среќата, ниту животот. И баш затоа: Радувај му се на животот!