Порака на денот: Љубовта која ја посакуваме не е секогаш љубовта која ја заслужуваме

Некогаш, потребно ни е многу време да го сфатиме тоа.

Photo by Oziel Gómez on Unsplash

Некогаш луѓето ни велат дека можеме подобро, но се убедуваме дека точно знаеме што сакаме. Што значи тоа подобро? Ако сакаме да бидеме со некого, зарем не сме ние единствените кои се прашуваме која ќе биде таа личност?

Тоа е точно, но во одредени моменти не можеме да ја забележиме штетата која некои луѓе ја имаат во нашиот живот. Имаме полно срце љубов за одредена личност, но сето тоа негативно влијае на нашето здравје.

На сите нас ни е потребен некој кој ќе верува во нас, кој ќе нè сака и почитува. Тоа е основата која е важна за сите нас, без оглед на нашите лични преференци и вкусови. Личност која се носи со нашите победи и порази, која е тука за нас и со која можеме да изградиме доверба и солидно партнерство.

Заслужуваме некој кој нè сака онакви какви што сме, кој во нас гледа важна личност и кој го подобрува нашиот живот. Нема голема филозофија во тоа, но за некои работи потребно е време да ги сфатиме и искусиме како такви, односно мораме да бакнеме неколку жаби пред да го сретнеме својот принц.

Поентата е дека треба да знаеме колку вредиме. 

Љубовта некогаш знае да биде слепа, но таа не треба да биде тешка и исцрпувачка.