Поради масовниот интерес по првата акција, Карпош повторно ќе доделува субвенции за велосипеди

На десетта седница на Советот на Општина Карпош советниците одново одобриле одлука за субвенционирање при купување нови велосипеди за жителите на оваа скопска општина.

По масовниот интерес за првата ваква акција, за која беа предвидени 300.000 денари, локалната самоуправа продолжува со уште една, втора по ред акција за годинава, во која се предвидени дополнителни 360.000 денари финансиски средства, со кои ќе се помагаат карпошани да купат нови велосипеди.

Исто така, на денешната седница советниците едногласно ја одобриле одлуката за добивање финансиски средства, за замена на стари куќни водомери со нови ултразвучни и нивна интеграција  жво системот на далечинско отчитување на системот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, нагласил дека ова е грант од ЕБРД преку Министерството за транспорт и врски, кој ќе изнесува околу 200.000 евра. Инаку, со овој проект би се опфатиле 500 куќни домаќинства.