Поради дефект без вода дел од ул. „Петре Георгиев“, ул. „Ванчо Мицков“ и ул. „1“ во Визбегово

ЈП Водовод и канализација- Скопје известува дека поради дефект на улична цевка од ф 90мм на ул. 1 бр. 37 Визбегово ,со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. 1 во Визбегово,

- поради водоводен приклучок од ф-125мм на ул. Ванчо Мицков бр. 7 , прекинато водоснабдување ќе имаа корисниците од ул. Ванчо Мицков.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 до завршување на интервенцијата,

- поради дефект на приклучна цевка од 1“ на ул.Петре Георгиев бр. 87 , со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од бр 2 до бр. 20 парните броеви од истата улица.

Водоснабдувањето на сите овие места ќе биде прекинато од 9:15 часот и ќе трае се до завршување на интервенцијата.