Поради безбедносни причини црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија ќе остане оградена

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во неговиот кабинет се сретна со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

- Средбата ја остваривме по повод моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која сѐ уште е во изградба. На барање на МПЦ, просторот пред сѐ од безбедносни причини ќе остане ограден до завршување на финалните работи на објектот, кои наскоро ќе бидат готови, информира Герасимовски.

Герасимовски посочи дека за наредните чекори граѓаните и јавноста ќе бидат навремено информирани.