Попладне посебен сообраќајен режим во Центар

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска со почеток во 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Протестот ќе почне од плоштадот ВМРО, ќе се движи по улиците „Даме Груев“ и „Васил Главинов“ до пред зградата на Владата.

„Од тие причини ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот“, велат од МВР.

Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.