Понеделник е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ 25 декември 2023 година (понеделник), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божиќ.