Денеска (23.03.2023) во 10.00 часот, службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Ѓ.(34) од Куманово.
-При преглед во неговото возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки била пронајдена марихуана, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, информира МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.