Полицијата со серија на апсења во Македонија

А.А. од Кичево (23) на 28 мај 2024 во 02:20 часот бил уапсен од полицијата во Кичево  Тој бил баран за бегство од затворот Идризово, каде што издржувал казна за разбојништво и кражба. А.А. е вратен во затвор за доиздржување на казната.

Подоцна, истиот ден во 15:45 часот биле уапсени и Д.Л (34) од Скопје и во 16:30 часот И.А., Б.Е., и М.М., сите 19-годишни од с. Синичане. Д.Л. бил баран од Интерпол за издржување затворска казна за кривично дело и. е предаден на СВР Куманово и спроведен во Затвор Скопје, додека пак за И.А., Б.Е. и М.М од с. Синичане била пронајдена марихуана и тие се задржани во полициска станица и ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На денешен ден на 29 мај 2024 во 01:50 часот, полицијата во Битола го уапси 22-годишниот С.С. од Битола. Тој е осомничен дека на 28 мај ограбил продавница на ул. „Апостол Здравески“  С.С. е задржан во полициска станица и ќе биде поднесена соодветна пријава.