Полицијата приведе скопјанец кој нападнал полицаец

Вчера околу 18.50 часот е приведен Б.Г.(36) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник што извршувал службено дејство, информираше полицијата.

 При преглед кај него биле пронајдени и одземени три ножа, марихуана и други предмети.

По целосно докуменитрање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во полицискиот билтен.