Полицаец нападнат од 16-годишно момче на Партизанска

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 13.07.2018 година околу 23:45 часот во Скопје, на булевар „Партизански Одреди“, при легитимирање на лица, полициски службеник бил физички нападнат од страна на пријавениот и други непознати лица, при што се здобил повреди на главата.