Полицаец физички нападнат пред МНР

Полициски службеник кој вршел внатрешно обезбедување на објектот на Министерството за надворешни работи бил нападнат синоќа околу 1:30 часот.

-Имено, полицискиот службеник слушнал тропање пред објектот и кога излегол надвор забележал неколку непознати лица од кои едниот физички го нападнал, информираат од МВЕ.

Во врска со настанот, во Полициска станица Центар биле приведени М.Ј.(30) и Ф.В.(30) двајцата од Скопје, Б.Д.(29) од Куманово и В.Д.(32) од Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.