Поленов чај: Најдобар лек за проблеми со простата

Поленот претставува вистинска ризница на витамини. Тој содржи витамини  од групата Б, провитамин А, витамини Е, Д и Ц. Освен тоа, тој содржи есенцијални аминокиселини, односно оние кои нашето тело не ги создава само, а кои мораат да се внесуваат преку храната.

Поленовиот чај ги содржи и минералите калиум, калциум, натриум, магнезиум, железо, јод, фосфор, манган, цинк и селен. Тие се неопходни за нормално функционирање на кардиоваскуларниот систем, а не смее да се занемари и неговото силно дејство на алергиите и инфекциите во нашето тело.

Ензимите кои ги содржи во својот состав помагаат во многу процеси во нашето тело, како што се варењето на храната, учествуваат во разградувањето и синтезата на хранливите материи, како и подобрување на имунолошкиот систем.

Овој чај е особено корисен кај мажите кои се соочуваат со проблеми со простатата. Според податоците, зголемувањето на простата настанува поради пореметувања во хормоналните активности, што предизвикува зголемување на нејзиното врзувачко ткиво. Станува збор за заболување кое е често за лицата над 40 години. Ваквата болест често минува без симптоми, но кога ќе се јават првите тегоби, пациентите се јавуваат на лекар опишувајќи тегоби поврзани со често и отежнато мокрење, што е особено изразено во  текот на ноќта.

Еден од најдобрите производи на нашиот пазар е поленовиот чај на Пантерфарм, кој содржи 100 кесички чај во 1 пакување. Тоа е природен производ на реномирана кинеска компанија специјализирана за продукти за одржување на здравјето на простатата. Според производителот, станува збор за 140 години стара кинеска формулација.

Со редовната употреба на овој лек се влијае на балансот на половите хормони кои се сметаат за одговорни за проблемите со простатата, а освен тоа се ублажува болката и непријатноста при мокрењето и зачестењето мокрење во текот на ноќта. Тој не се препорачува само кај оние лица кои имаат проблеми со честото мокрење, туку и како превенција и грижа за простатата кај сите мажи над 40 години.

Поленовиот чај треба да се приготвува и употребува само според прецизно опишаниот начин од страна на производителот.  Корист од употребата на чајот треба да се забележи после 3-10 дена од пиење на чајот.  Производителот препорачува да се испијат најмалку 3 кутии чај, а најдобар ефект се постигнува со 9 кутии.

Каде може да го најдам?

Производот може да се најде во сите подобро снабдени аптеки, насекаде во државата.

Увозник и дистрибутер на Herbal Polen Tea е Пантерфарм -  компанија која од 2007 година работи во областа на фармацијата. Нејзина основна дејност е увоз, дистрибуција и продажба на додатоци во исхрана, како и хигиенски и козметички производи.

Повеќе информации за останатите производи на Пантерфарм може да најдете на нејзината фејсбук или веб страна