Погрешни стереотипи за Девиците

Познати како перфекционисти, вечни критичари, вредни работници, зависни од добра организација и претерано склони да анализираат сè и сешто, Девиците се гласот на заморното досадување, што сепак не е точно… или барем не е се.

Тие навистина се стремат кон ред, чистота и прецизност, но нивните приоритети се мотивирани од најдобрите намери – желбата да го направат светот подобро место.

„Строги материјалисти“

Како земјен знак, тие се фокусирани на опипливи, материјални резултати, но исто така се силно мотивирани за духовен напредок. Тие работат цел живот за да се подобрат себеси бидејќи свесноста за сопствената погрешност (и грешност) им предизвикува вознемиреност.

„Склони да критикуваат“

Иако добиваат забелешки дека се премногу критични кон другите, тие полесно ќе им прогледаат низ прсти отколку на себе. Ако ве предупредат дека правите нешто што не е добро за вас, тоа нема да биде за да ве научат лекции и да се воздигнуваат себе си, туку од искрена желба да ви помогнат и да ве натераат да престанете да си наштетувате.

„Експлоататори“

Тие се познати како луѓе на кои им е поважно да ги искористат предностите на другите отколку да одржуваат пријателски односи со нив. Меѓутоа, ако ја стекнете нивната доверба и наклонетост, за што е потребен труд, знајте дека сте стекнале лојален пријател кој ќе ви стои на располагање кога ќе ви треба без разлика на се.

„Здодевни“

Поради нивниот методичен пристап кон работата и склоноста кон планирање, многумина ги сметаат за здодевни и сосема грешат. Кога се инспирирани, спремни се на секакви лудости. Тие се многу духовити и имаат одлична смисла за хумор, па одлично ќе си поминете во нивно друштво и ќе откриете дека воопшто не се заморни.

„Студени во љубовта“

Рационалноста не значи дека се ладни и пресметани кога се заљубени. Под површината тие се многу романтични и се сеќаваат на секоја ситница што сте им ја кажале во ситните часови шепотејќи си еден на друг на перницата. Ќе ве почестат со убави изненадувања, како вечера со свеќи, кога најмалку очекувате.