Photo by Nicolette Attree
Петре М. Андреевски - Таа
Таа дури и на Сонцето
му позајмува светлина
и затоа никогаш
и никаде не ја напушта.
Таа е природна појава
една единствена
стои, како рамноденица
меѓу светот и светлината,
меѓу телото и душата.
Ми иде да ѝ викнам:
дај ми го само телото,
а душата задржи си ја,
но откај неа слушам:
а зошто ти е мртво тело?!