Поезија: Михаил Ренџов - Жена

Михаил Ренџoв (Штип, 25 август 1936) е поет, прозаист и преведувач.

Photo by Tamara Bellis on Unsplash

Михаил Ренџов - Жена

Те замислувам и те ставам во еден збор:
Зборот почнува да дише
Во добар ден птицата те надлетува
Додека јас име ти пишувам.

Те замислувам и те ставам во едно зрно:
Зрното почнува да `рти, да расте, да цвета
Гледам: трепериш како море, како млечна срна
Додека од љубов птиците летаат.

Те замислувам и те ставам во една книга:
Книгата почнува да дише.