На 10 декември околу 6.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул."Анастас Митрев", во близина на транспортниот центар две непознати лица извршиле разбојништво над А.М. (29) и уште две лица, сите вработени во угостителски објект.
Разбојниците со закана со нож им одзеле сума од околу 156.000 денари, пари од дневен промет и два мобилни телефони.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.