Почна исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период за тековната учебна година

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2023/2024 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

• за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година,
• за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година,
• за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и
• за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година.