Почина Игор Пармаковски, кој се бореше со Кронова болест

Почина битолчанецот Игор Пармаковски (1970), кој боледуваше од Кронова болест, објави Националната опера и балет.

Битолчанецот кој беше хорист во Националната опера и балет, на социјалните мрежи бараше донации со цел да се оперира. Неговата состојба во последниот период беше мошне критична, со оглед дека до пред некој месец тој имаше едвај 39 килограми.