Почеток на крајот на „Шампионот Вардар“

Лоша игра каква што не сме виделе до сега, тим кој што не функционира во целина, демотивирани играчи, лоши навивачи и лоша атмосфера. Со овие неколку зборови може да се опише почеток на крајот на убавите денови за ракометниот клуб Вардар. 

Во период кога голем дел од играчите веќе ги спакуваа куферите во сеќавања ќе останат убавите денови за македонскиот и европски шампион. Добро што се случи, но за жал и по се изгледа дека никогаш нема да се повтори ланскиот успех во Ланксес Арената во Келн. 

Во меѓувреме во медиумите читаме дека прв кој си договори трансфер беше Лука Циндриќ кој ќе заврши во Кјелце, потоа следеше Арпад Штербик кој ќе се врати во Веспрем, Мијајло Марсениќ пред извесно време се договори со Фуксе Берлин, Раул Гонзалес од наредната сезона ќе го предводи ПСЖ, а ова попладне пристигна официјална информација дека Вардар наредната година нема да може да смета ниту на столбот во одбраната, Илија Абутовиќ.Шпанскиот, деновиве прочитавме дека Жоан Канељас по завршувањето на сезоната си заминува од Вардар и кариерата ќе ја продолжи во унгарски Пик Сегед.

Многу заминувања, а малку доаѓања. Како еден празен аеродром од која само полетуваат моќни компании, а слетуваат мали и приватни авиончиња. Иднина има, но не како минатото до сега. 

Сергеј Самсоненко минатата недела даде интервју за медиумите вели дека следната следната година Вардар нема да го изгуби нивото и ќе биде пак силна екипа.

Но, вчерашната игра како да говори нешто сосема спротивно. За жал Вардар не е веќе моќниот Вардар. Вчерашната игра наликуваше на клуб кој игра во домашната лига, а не на фајн фор во престижната лига на шампионите. Денес ќе бориме да го дофатиме третото место и ќе се молиме Вардар пак да се врати на старите патеки кога беше тим за кој со восхит пишуваа сите светски медиуми и го поддржуваа навивачите ширум светот.

И навивачите кои го бодрат Вардар во Келн коментираат: Лани беше гордост да бидеш таму, а оваа година сите се чудат и со неверување не тешат дека Вардар знае добро да игра, но нема доволно среќа. 

А, кога сме кај навивачите и со нив како да се случи некоја магија. Инитуицијата веројатно им ја зеде силата, па фалангата вчера беше многу потивка, послаба и како никогаш до сега без посебна енергија и поддршка. 

На крајот ваков или таков, Вардар засекогаш ќе биде во нашите срца.