По Охрид вчера и во Кратово лажна дојава за бомба

Вработена во кабелски оператор во Кратово вчера околу 10:30 часот во СВР Куманово пријавила дека преку смс-порака добиле закана за поставена експлозивна направа.

Од МВР информираа дека веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Според информацијата, во полиција било пријавено околу 10 часот, а по деталните проверки било констатирано дека се работи за лажни пријави. Се преземаат мерки за расчистување на овој случај, по што во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави.