По десетгодишна пауза сите машки селекции на Македонија во ракомет ќе играат на ЕП

Првпат по десет години пауза, сите три машки селекции на Македонија – кадети, младинци и сениори ќе играат на Европските првенства пренесува 24 Ракомет.

Кадетите со вчерашната победа над Косово изборија место на ЕП во Црна Гора што ќе се игра во Август откако претходно ја словладаа и репрезентацијата на Словачка.

Последен пат кадетите беа на ЕП 2014 година во Полска, а потоа играа на ЕХФ шампионатите, односно во Б дивизијата се до 2022 година. Во 2014 младинците играа на ЕП во Австрија, а сениорите беа дел од ЕП во Данска, па во 2024 ќе имаме иста ситуација.

Кадетите се на ЕП во Црна Гора, младинците на ЕП во Словенија, а годината ќе започне со настапот на сениорската репрезентација на континенталниот собир во Германија.