По 60 години Бутел 1 добива нова градинка

Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со директорката на ЈОУДГ „11 Октомври“ Мими Зашовска деновиве ја посетија детската градинката во Бутел 1.

Во тек е третата и завршна фаза од реконструкцијата на градинката, со капацитет од 250 дечиња. Целосно се реновирани занималните, тоалетите, кујната и салата.

Со ова, по 60-ина години, во Бутел 1 се добива нов објект за згрижување и воспитување на деца.

Имено, минатата година во склоп на градинката завршена е реконструкција, санација и преадаптација на јаслениот дел и поставена е енергетски ефикасна (демит) фасада.