По 56 години наскоро ќе почне целосна реконструкција на фасадата на ООУ „Панајот Гиновски“ во скопски Бутел.
Инфраструктурниот зафат ќе биде во соработка со МОН.
- Општина Бутел ја изработи целосната проектна документација со која аплицираше на повикот на МОН при што се обезбедија средствата за реконструкција на фасадата. Ова е прва реконструкција на фасадата од изградбата на училиште од 1967-та година. Со ова значително ќе се подобрат услови за изведување на наставата, а во време на енергетска криза ќе се заштеди на енергија, информираше првиот човек на општина Бутел Дарко Костовски.