По 10.000 долари за најдобрите бизнис идеи

Филантропија за зелени идеи е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Поконкретно, се работи за “зелени бизнис идеи“ чија што реализација се очекува да придонесе за подобра животна средина, порадицонална употреба на природните ресурси и постигнување на одржлив развој. 

АРНО, во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер од САД, распишува конкурс за избор на идеи/проекти за зелени претприемнички/бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизнисик кои користат ресурси од локалната заедника.

За победниците на овој натпревар резервирани се награди во висина од 10.000 долари кои ќе бидат наменети за имплементација на зелената идеја.