Плусинфо: Попишувачите денеска не излегле на терен, добиле наредба да останат дома

Плусинфо дознава дека денеска попишувачите добиле наредба да не излегуваат на терен за да го попишуваат населението. 

– Не можам ништо да ви кажам. Ве молам да не ме прашувате ништо во врска со пописот. Во моментов сум на состанок и наскоро ќе добиете соопштение од Владата – изјавил директорот на ДЗС, Апостол Симовски, за Плусинфо.

Пописот е предвидено да заврши на 30 септември, а досега се попишани околу 190.000 граѓани.