Плаќањето со мобилен во ЈСП сѐ попопуларно

Патниците што првпат плаќаат со мобилен телефон од кој било мобилен оператор најпрвин мора да ја активираат бесплатната услуга плаќање со мобилен телефон, со испраќање порака „старт“ на телефонскиот број 14 11 14, а веднаш потоа, штом ќе добијат порака со содржина „вашиот број беше регистриран за плаќање билети за возење во автобусите на ЈСП“, потребно е да се заврти бројот 185 и да се доближи телефонскиот апарат до валидаторот.

Веднаш потоа повратно ќе добијат порака дека успешно е платен билетот во износ од 40 денари, колку што чини единечен билет за едно возење.

Доколку со телефонот се плаќа ноќен билет, кој се смета за таков по 24 часот, тогаш цената изнесува 50 денари, колку што ќе чини единечниот билет што ќе се користи од 1 ноември.

Ако, пак, со картичката „скопска“ се плаќа единечен ноќен билет преку електронскиот паричник, тогаш билетот што има дневна цена од 35 денари, во ноќните часови ќе чини 40 денари.