„Пивтијада 2023“ ќе се одржи во четврток на плоштадот во Автокоманда

Градоначалникот Бобан Стефковски ги покани граѓаните на традиционалната манифестација „Пивтијада 2023”, како дел од прославата на големиот христијански празник Богојавление - Водици.

Во рамки на културниот дел на манифестацијата ќе настапат естрадните уметници Влатко Миладиновски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и Групата Аманет.

- Во рамки на натпреварувачкиот карактер на манифестацијата граѓаните ќе имаат можност да се натпреваруваат со најубаво украсена пивтија. Комисија од општината ќе изврши избор на три најубаво украсени пивтии и истите ќе бидат наградени. Во хуманитарниот дел од манифестацијата секој граѓанин преку купување на пивтија ќе има можност да донира, по што собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели, информира Стефковски.

Настанот ќе се одржи в четвртока од 13.00 часот на плоштадот во Автокоманда.