Пикот на грипот се очекува за две до три недели, предупредува доктор Балоски

Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорача вчера Комисијата за заразни болести. 

- Сега е сезона на грип. Не само во Македонија, туку во целиот регион. Време е за грипот за вирусот на инфлуенса А и Б. Пикот не е достигнат. Се очекува да биде за две до три недели отсега. Нешто невообичаено не се случува. Грипот е тешка инфекција. Тешка респираторна инфекција, особено за малите дечиња до 1 и 4 година возраст, за постарите лица. Грипот знае да направи сериозни ситуации. Некој го поминуваат и на нозе, но, кај многу луѓе се случува секундарна инфекција. Тука настанува компликации и може да дојде и до пневмонија. Грипот е познат, повеке од 100 години со милиони жртви. Нема зошто да се чудиме после се' што ни се случувало, треба да разбереме грипот не е лесна работа. Треба да бидеме претпазливи, вели за „Студио 10“ професор доктор Марјан Балоски.