Пијат градежниците, но пијат и хирурзите и новинарите

Ѕидарите, молерите, електричарите, но и новинарите и хирурзите ги бие глас дека се склони да станат алкохоличари. Дали е тоа вистина?

На некои работни места не само што е нормално со ручекот да се напиете пиво, туку тоа и се подразбира. Иако умреното пиење на алкохолни пијалоци може благотворно да влијае на организмот, ако се претерува може да биде опасно. Некои занимања по тие критериуми се поризични отколку другите, а најмногу се пие во градешништвото и рударството, покажува една студија. Според статистиките, дури 17,5 проценти од рударите се тешки алкохоличари, како и 16,5 проценти од градежниците. Сепак, мора да се има разбирање, некои професии носат и големо количество на стрес, а познато е дека алкохолот во одредени количини знае позитивно да влијае и да ослободи од стрес. На листата од 10 професии во кои најмногу се пие алкохол, меѓутоа не се вбројани пилотите, за кои е јавна тајна дека се склони кон алкохолот, поради големиот стрес и одговорноста со која секојдневно се соочуваат.

Топ 10 професии во кои се пие најмногу алкохол:

1. Рударство
2. Градежништво
3. Туризам и прехранбена индустрија
4. Новинари
5. Мајстори во разни занимања (автомеханичари, водоинсталатери)
6. Медицински лица
7. Менаџери
8. Занаетчии
9. Земјоделци, рибари, фармери
10. Трговци