Алкохолот е еликсир на животот!

Било спроведено едно истражување, на кое учествувале група на испитаници на возраст од 55 до 65 години.Предмет на анализа бил нивниот начин на живот во последните 20 години. Од тоа како и на кој начин го живееле нивниот живот, па се до нивниот социјален статус.

Резултатите покажале дека највисока стапката на смртност била кај оние луѓе кои никогаш не пробале алкохол, средна стапка се констатирала кај тие што биле класифицирани како алкохоличари, а најниска стапка на смртност, кај оние кои уживаат во алкохолот во умерени количини, земено во просек од 1 до 3 пијалаци дневно.

Објаснувањето за овие резултати е дека алкохолот одлично се спојува со социјални интеракции, а овој тип на комуникации се најважни за одржување на добро ментално и физичко здравје.

Од друга страна,пак, тие што не пиеле алкохол, покажале знаци на депресија, како и поголем ризик од срцеви заболувања, поради неконсумирање на црвено вино.