,,Петардите ги уништуваат празниците”-кампања низ основните училишта во Ѓорче Петров

Превенираме и спречуваме. Во пресрет на Новата Година, за жал се позачестена е употребата на експлозивни и протехнички средства.

Петардите се најдостапни за учениците, но тие не се средство за забава, напротив се опасност. Заедно со Министерствот за здравство и Клиниката за Пастична и реконструктивна хирургија во Скопје, преку кампањата ,,Петардите ги уништуваат празниците” општина Ѓорче Петров ги едуцира основците за ризикот од употреба на пиротехнички средства.

Целта е да се подигне свесноста за сериозноста на овој проблем, како и да се спречат сите несакани повреди стекнати од петардите. Со кампањата ќе бидат опфатени сите ученици од 4-то до 9-то оддление, во шестте основни училишта во општината. Предавањата се во форма на презентација, траат по 20 минути а ги држат лекари од Клиниката за Пластична хирургија.