Пет случаи во Скопје: Шуга може да се „закачи“ и во бутик

-Во нашиот бутик, купувачите ако ја сочуваат фискалната сметка како и етикетата на производот имаат можност во рок од 10 дена да ја вратат. Истото парче облека се става на полица за потворно да се продаде, вели една продавачка од скопски бутик.

Без оглед на тоа што сме ја купиле во продавница, таа облека не е чиста. Најновото истражување врзано за чистотата на облеката покажа шокантни резултати. На парчињата облека кои ги тестирале, вклучувајќи и јакни, пронајдени се микроби кои инаку им припаѓаат на интимните делови на телото. Ако не ја исперете облеката по купувањето, можете да добиете инфекција.

Во Скопје за три месеци се регистрирани пет случаи на шуга, а минатата година вкупно 55, информираат од Центарот за јавно здравје.

-Имам премногу чуствителна кожа, пред некое време си купив кошула. Не стигнав да ја исперам итно требаше да одам на еден прием, за рок од половина час почна да ме чеша кожата, за кратко време ми излезе црвенило, вели Марија од Скопје.

Лекарите велат дека ова заразно заболување сè уште е присутно, зошто има луѓе кои живеат во супстандардни услови, немаат каде да се бањаат, но дека најчесто се изолирани случаи и нема пошироки епидемиолошки размери.

Пренесувањето на шугата настанува преку близок (интимен) телесен контакт, кај деца што живает во лоши хигиенски услови, индиректно преку облека, долен веш и чаршави за спиење. 

Микробите можат да се задржат на облеката и до неколку недели, па дури и месеци. Од облеката се пренесуваат на телото, а понатаму се шират, со што доведуваат до разни зарази. Исто така, после шопингот исперете ја облеката, затоа што никогаш не сте сигурни колку луѓе претходно ја пробале.

Пациентите што имаат шуга најчесто имаат ситен осип во долниот дел на стомакот, внатрешниот дел на подлактиците, околу градите, задникот.

Последен случај од вакво заболување е регистриран кај детенце од основното училиште „Владо Тасевски“ во скопската населба Козле. По пријавување на случајот, веднаш екипа на Центарот за јавно здравје излезе на терен и направи проверка кај децата од тие одделенија. Констатирано е дека освен кај овие две деца, други случаи нема.