Четири случаи на шуга за само еден ден во амбулантата на Бит Пазар

Второоделенецот од „Владо Тасевски“, годинава по втор пат заболува од заразната шуга.

Училиштето вчера беше затворено заради дезинфекција на сите простории, а повторно продолжува со работа в понеделник.

Она што зачудува е што семејството на детето не се приматели на социјална помош, како што велат од надлежното министерство, а дали станува збор само за родителска негрижа, односно во какви услови живее ученикот, ќе утврди истрагата на социјалните работници.

Во меѓувреме, за само еден ден, во кожната амбуланта на Бит пазар се регистрирани 4 случаи на шуга. Лекарите за дел од медиумите, зачудено велат дека расте бројот на луѓе кои живеат во нехигиенски услови и доаѓаат да бараат помош токму со дијагноза на оваа заразна болест.