Период на владеење на Шкорпијата: Подгответе се за трансформација

Ова е најмистериозниот период од годината со кој владее моќната Шкорпија.

Бевме фокусирани на професионалните односи за време на Девицата, потоа се насочивме на личните односи за време на владеењето на Вагата, а сега ни доаѓа најемотивниот период за сите нас. Доаѓа време на промени!

Владетелот на Шкорпијата, Плутон е познат како бог на подземниот свет, а тој носи обновување и преродување.  Исто така, нè очекува и погубување односно смрт на егото, како и ново раѓање на умствено, физичко и духовно ниво. 

На темната страна, овој период може да донесе желба за одмазда, завист, па и емоционална манипулација што често знае да биде карактеристика на самите Шкорпии, но носи и фокусираност кон најдлабоките чувства и грижа за најблиските.

Подгответе се за неверојатна, таинствена сезона и период на трансформации, не само индивидуални, туку и колективни.