Пензионерите излегоа најпрогресивна категорија во Македонија, вели новинарката Богдановска

Модната новинарка Снежана Сани Богдановска со коментар за актуелните протести на пензионерите

Таа, на овие случувања, гледа од поинаков и интересен агол. Ќе се согласите ли со нејзиниот став?

- Може изгледа парадоксално, но се чини дека пензионерите излегоа како најпрогресивна категорија во Македонија. Ама не би требало да зачудува ако се потсетиме дека се тоа генерации (плус, минус) од бунтовните 70‘ти, хипи движењето, протест против естаблишментот, Виетнам...68‘ма.... добро е да се види дека го имаат задржано борбениот дух. И веројатно се свесни за тоа каква моќ имаат како огромно гласачко тело и дека не треба да дозволат политичарите кои добро го знаат тоа повторно евтино да ги купат, порача Богдановска.