Пензионер од Скопје секој ден вози велосипед, се чувствува здрав и изгледа дваесет години помлад

Скопјанецот, Гоце има 72 години. Повеќе време е пензионер, но целиот свој живот тој вози велосипед. За него, велосипедот е основно превозно средство.

Вели, уште како дете возел, така е и до ден денес. Не поминува ден, а тој да се дружи со неговиот миленик, велосипед. И не, дедо Гоце, нема модерен велосипед, туку обичен. Го има купено пред 40 години. И се уште е здрав и спремен за возење.

Дедо Гоце ужива да врти на педалите низ скопските улици и возењето велосипед е како негова дневна доза на храна. Тој вели дека благодарение на физичката активност, се чувствува здрав и изгледа 20тина години помлад.

- Секој ден сум на велосипед, некогаш и по повеќе пати во текот на ден. Убаво ми е. Излегувам и во сообраќај, но си ги почитувам правилата. Пред десеттина години ми почина сопругата. Од тогаш уште повеќе почнав, ми се разминуваат мислите со возење, раскажува дедо Гоце.

Тој вели дека во младите години имал и автомобил, но многу ретко го користел. Потоа го продал, и велосипедот станал неговото основно превозно средство.

Тој апелира до сите и до младите и до старите, да бидат физички активни, не мора да возат велосипед, но можат да пешачат. Тоа го продолжува животот.