Педијатрите советуваат: Изнесете ги децата надвор и кога е студено и кога има снег

Кога надвор е студено и има снег многу родители се плашат своите деца да ги изнесат надвор поради настинка.

Убаво време имавме до пред некој ден, а веќе вчера и денеска, парковите и игралиштата се празни, а децата се играат внатре во домот во четири ѕида и во игротеки, каде ги напаѓаат вируси.

Свежиот воздух помага во зајакнување на имунитетот и ги чисти дишните патишта. Престојот на дневна светлина го подобрува очниот фокус и ги одмора очите.

За психолошки развој важно е детето да има контакт со природата. Во есен да собира жолти листови и есенски плодови, во зима да се санка и игра во снегот, а во пролетта да кине од цвеќињата и да ужива во зелената трева.

Колку надвор е постудено, толку бактериите се помалку присутни. Немој да мислите дека ќе го заштитите детето од настинка ако го чувате во затворен простор. Колку почесто е надвор, тоа толку повеќе ќе биде здраво, советуваат педијатрите, апелирајќи денеска да го искористите снежниот ден, надвор со своите најмили и најмали.