Не плашете се од ниските температури и дозволете му на Вашето бебе да ужива во зимата, ваков е апелот на педијатрите.

Родители имаат навика да не ги пуштаат децата да излегуваат надвор, кога ќе почне температурата да се намалува, сметајќи дека така ќе ги заштитат од настинки и вируси. Педијатрите имаат други ставови и апели до сите родители.

За психолошкиот развој е важно детето да има контакт со природата. Колку е надвор поладно, толку во воздухот има помалку причинители за болести. Немојте да мислите дека ќе го заштитите детето од настинка ако го чувате во затворен или претопол простор. Колку почесто го носите надвор, толку ќе биде поздраво.

Поголемите деца се повеќе време поминуваат дома, играјќи игри и гледајќи телевизија. Овие промени довеле до сериозно влошување на здравјето на децата и има се повече деца кои имаат проблем со деелината, со зголемен шеќер или висок притисок. Родителите многу работат и се плашат да ги пуштат своите деца сами надвор.

На ниски температури во зима, треба да обрнете посебно внимание на облекување на Вашето бебе.

Препорака на педијатрите е слоевито облекување за лесно адаптирање на различни температури. Посебно да се обрне внимание на главате, рацете и нозете да бидат добро заштитeни.