Патот Берово-Струмица е прооден за сите видови возила

Од 10:30 часот патот Берово-Струмица е прооден за сите видови возила, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.